Два нови случаи на семејно насилство се евидентирани во полицискиот билтен. Во Прилеп жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била изложена на закани со дрвен предмет, додека во Шуто Оризари маж ја нападнал сопругата и потоа ја зел нивната малолетна ќерка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првиот случај бил пријавен на 7 ноември, во 19:30 часот, во ОВР Прилеп. Триесет и шестгодишна жена со иницијали С. К. пријавила дека Е. А., татко на нејзиниот вонбрачен сопруг, ѝ се заканувал на малолетната ќерка со дрвен предмет на улицата „Тризла“.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вториот случај бил регистриран на 7 ноември во подрачјето на Шуто Оризари. Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот Џ. Б. од Скопје, по пријава од неговата 22-годишна сопруга дека физички ја нападнал, по што ја зел нивната малолетна ќерка.
