Македонски генијалец испиша историја: Дамјан Давков го освои третото олимписко злато по математика

Македонскиот математичар Дамјан Давков освои трет златен медал на Интернационалната математичка олимпијада. Македонија освои и три бронзени медали и една пофалница во Шангај.

Македонскиот млад математичар Дамјан Давков освои златен медал на 67. Интернационална математичка олимпијада (ИМО), која се одржува од 10 до 21 јули во Шангај, Кина. Со ова достигнување, Давков го освои своето трето злато на најпрестижното светско натпреварување по математика, потврдувајќи дека е еден од најуспешните македонски олимпијци во историјата.

Македонија со четири медали и пофалница

Покрај златниот медал на Давков, македонскиот тим освои уште три бронзени медали. Со бронза се закитија: Ивано Божиновски, Леонид Тодороски и Андреј Тасиќ Филип Калкашлиев доби пофалница за својот настап, а успешен настап имаше и Марко Митевски.

Историски успех за Давков

Ова е трето злато за Дамјан Давков на Интернационалната математичка олимпијада.

Неговите досегашни успеси вклучуваат: 2023 – златен медал во Јапонија, 2024 – златен медал на 65. ИМО во Бат, Англија и и 2026 – златен медал во Шангај, Кина. Покрај трите златни медали, Давков има освоено и три сребрени медали на Интернационалната математичка олимпијада.

Интернационалната математичка олимпијада е најпрестижното светско натпреварување за средношколци по математика и секоја година ги собира најталентираните млади математичари од целиот свет. Успехот на македонскиот тим и годинава ја потврдува високата репутација што македонските ученици ја имаат на ова престижно меѓународно натпреварување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс