Македонски АИ систем ги обединува Вибер и пораките на едно место

Стартапот Verba AI развива софтвер за автоматизација на корисничката поддршка со цел да преземе до 90 отсто од рутинските разговори.

Македонскиот стартап Verba AI развива платформа со која вештачката интелигенција ги  презема комуникациите со клиентите. Платформата ги обединува сите различни  комуникациски канали на компаниите, како Вибер, Фесјбук или Инстаграм на едно место и  овозможува до 90% од рутинската комуникација со корисниците да биде преземена од AI. 

Начинот на кој компаниите комуницираат со своите корисници станува сè покомплексен.  Прашањата пристигнуваат преку веб-страници, е-пошта, социјални мрежи, апликации за  пораки и други дигитални канали, додека тимовите секојдневно трошат значително време  одговарајќи на исти или слични барања. 

Токму овој проблем го адресира Verba AI, нов македонски стартап кој развива ВИ платформа  за автоматизација и централизирано управување со корисничката комуникација. 

Идејата зад Verba AI е едноставна: корисникот треба да може да комуницира со компанијата  преку каналот што нему најмногу му одговара, додека компанијата треба да има можност сите  тие разговори да ги одговори во секое време и да ги следи или управува од едно место. 

„Нашата цел со Verba AI е до 90% од рутинската комуникација со корисниците да може да ја  преземе ВИ. Не сакаме технологијата да го замени човечкиот контакт. Напротив, сакаме  да го скратиме времето што луѓето го трошат на повторливи и рутински комуникации и  да им овозможиме да се фокусираат на разговорите, проблемите и задачите каде што  навистина можат да создадат вредност,“ вели Симон Јаневски, основач на Verba AI. 

Платформата е замислена како централно место за комуникацијата помеѓу компанијата и  нејзините корисници. Разговорите од различни канали можат да се следат на едно место,  додека ВИ го презема првиот слој на комуникацијата и ги автоматизира барањата за кои не е  неопходна човечка интервенција. 

ВИ одговара сам. Сите канали. Целата комуникација на едно место. 

Од прашање до одговор, без непотребно чекање, пребарување и препраќање. 

За Verba AI, иднината на корисничката поддршка не е комуникација без луѓе. Тоа е  комуникација во која AI го презема повторливото, а луѓето го задржуваат она што е  најважно времето за разговорите што создаваат вистинска вредност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс