Меѓународниот ден на жените во дипломатиjата

Македониjа ја доби првата жена претседател, но во дипломатиjата сè уште чекаме да го чуеме нejзиниот глас

Во 1968 само 0,9% од амбасадорите биле жени, денес се 23%. Во Македониjа историjата е иста: жена претседател, а клучните дипломатски позиции како постојана претставничка при НАТО, амбасадорот во САД и понатаму се мажи. Во приказната за жените и дипломатијата постои еден исклучок кој заслужува посебно место. На 2 декември 2024 година, Радмила Шекеринска го презеде мандатот на заменик-генерален секретар на НАТО. Таа е прв висок функционер од Западен Балкан во Алијансата.

Во мај 2024 година, Гордана Силjановска-Давкова стана прва жена претседател на Македониjа. Тоа беше историски момент за земjата. Но во истата 2024 година, анализата на UN Women покажа дека жените во РСМ „забележително отсуствуваат” од дипломатските преговори, стратешкото одлучување и амбасадорските позиции. Во еден дел чекориме напред, во друг тапкаме во место. На 24 jуни, на Меѓународниот ден на жените во дипломатиjата, прашањето е директно: зошто не напредуваме?

24 jуни: Денот на жените во дипломатијата

Меѓународниот ден на жените во дипломатиjата се одбележува секоjа година на 24 jуни. Денот е прогласен од страна Генералното собрание на ОН со Резолуциjата A/RES/76/269, усвоена во jуни 2022 година, со цел да ги признае придонесите на жените во дипломатиjата и да ги адресира предизвиците со кои се соочуваат во оставарувањето рамноправно учество.

Резолуциjата jа предложиле група земjи вклучувajки ги Малдивите, Ел Салвадор, Летониjа, Малта и други. Темата за 2024 година беше „Женско лидерство во мултилатералната дипломатиjа”. Темата за 2026 сè уште не е официjално потврдена, но се очекува да го продолжи фокусот на зjакнување на застапеноста и амплификациjа на приказните на жените во дипломатиjата.

Во 56 години, од 0,9% до 23% жени во дипломатијата

Прогресот е реален и броjките го потврдуваат тоа. Истражувањето на програмата „Род и дипломатиjа” при Универзитетот во Гетеборг покажува дека во 1968 само 0,9% од амбасадорите во светот биле жени. Во 2021 таа бројка порасна на 21%, а во 2024 — на 23,4%. Но прогресот не е рамномерен. Во земjите на Централна и Северна Америка уделот се приближи до 40%, а Канада, Нов Зеланд, Австралиjа, Финска и Хаити имаат по 50% или повеќе жени амбасадори. Азиjа и Блискиот Исток сè уште заостануваат со под 15%.

Во 2025 година само 25 земји имаат жена на чело на државата или на владата. Жените заземаат 22,9% од министерските позиции во светот, со особено ниска застапеност во клучните ресори, надворешни работи, одбрана и безбедност. Бројките за мировните процеси се уште поостри. Меѓу 1992 и 2019 година, жените претставувале само 13% од преговарачите, 6% од медијаторите и 6% од потписниците во мировните процеси ширум светот.

Македониjа има жена претседател, но…

Гордана Силjановска-Давкова е прва жена претседател на Македониjа, на функциjата од 2024 година. Претходно, единствена жена премиер беше Радмила Шекеринска и тоа само во улога на вршител на должност во 2004 година. Парламентот на Македониjа брои 47 жени пратеници од вкупно 120 — 39,2%. Тоа е пристоен процент, меѓу највисоките во регионот. Но состојбата во дипломатиjата е поинаква.

Анализата на UN Women за родовата рамноправност во надворешната политика на РСМ покажува дека жените „забележително отсуствуваат” од преговорите, стратешкото одлучување и амбасадорските позиции. Клучните дипломатски функции, Постојан претставник при НАТО и амбасадор во САД ги држат мажи. Учеството на жените во значаjни дипломатски преговори, вклучувajки го Преспанскиот договор, не е добро документирано, а жените биле забележително отсутни на официjалната церемониjа на потпишување.

„Жените сè уште се во голема мера исклучени од позициите на моќта и дипломатиjата. Глобално само 20,54% од сите амбасадори се жени. Овоj ден е повик да се признае клучниот придонес на жените и нивната незаменлива улога во дипломатиjата”, изjавила Весна Ивановиќ-Кастаред, шефица на Канцеларијата на UN Women во Македониjа.

Националниот акционен план за родова рамноправност 2022-2024 предвидел скромен буџет за обука за родова рамноправност, но без суштинска стратегиjа за трансформација во сферата на надворешната политика. Министерството за надворешни работи нема сеопфатна родова стратегиjа.

Шекеринска: Македонка која стигна до врвот на НАТО

Во приказната за жените и дипломатијата на Македонија постои еден исклучок кој заслужува посебно место. На 2 декември 2024 година, Радмила Шекеринска го презеде мандатот на заменик-генерален секретар на НАТО. Таа е прв висок функционер од Западен Балкан во Алијансата.

Патот до таму е сè друго освен линеарен. Шекеринска дипломирала на Електротехничкиот факултет во Скопје, а дури потоа магистрирала меѓународни односи на Флечерската школа за право и дипломатија на Универзитетот Тафтс во САД. Беше министерка за одбрана во два мандата, 2017-2020 и 2020-2022, прва жена на таа функција со наjдолг стаж од осамостојувањето на земјата. Исто така е единствената жена која водела некоја од главните политички партии во Северна Македонија.

Одиграла клучна улога во зачленувањето на Македонија во НАТО, а како вицепремиерка за евроинтеграции ја поднела кандидатурата за членство во ЕУ во 2005 година. НАТО ја опишува како „шампион во родов баланс и промотор на силни трансатлантски односи”. Шекеринска е доказ дека патеката постои. Прашањето е зошто останатите дипломатски позиции на Македонија сè уште не го следат нејзиниот пример

Зошто е важно да има жени во дипломатиjата?

Ова не е само прашање на правичност. Истражувањата jасно покажуваат дека инклузивноста е и прашање на ефективност. Кога жените учествуваат во изградбата на мирот, медиjациjата и решавањето конфликти, исходите се поинклузивни и потраjни.

„Мораме да направиме сè можно за да се осигура дека жените седат за масата, дека нашите гласови се слушаат и дека нашите придонеси се вреднуваат”, изjавила заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед.

Европа напредува. Kолку Македонија ја следи?

Во ЕУ во 2024, просечниот удел на жени амбасадори изнесувал 30%, со Шведска (51%) и Финска (50%) на чело. Само шест земји-членки имале жена министер за надворешни работи. Со процесот на евроинтеграциjа, Македониjа се обврзала да ги усвои стандардите на ЕУ за родова рамноправност вклучувajки ги и оние во дипломатиjата.

„Странската политика коjа не ги зема предвид перспективите на сите членови на општеството е нецелосна и нема кредибилитет”, изjавила германската амбасадорка во Македониjа Петра Дрекслер на минатогодишниот настан за одбележување на денот.

Македониjа ги слуша тие зборови., но прашањето е дали и ги применува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс