Кафе, нега и женска поддршка: dm и „Мама круг“ организираа инспиративен Make-up & Glow Brunch

Во опуштена атмосфера исполнета со разговори, мејкап совети и моменти за себе, dm и „Мама круг“ организираа настан посветен на женската нега и самодоверба. Педесет жени во Скопје имаа можност да уживаат во бранч, интерактивен мастерклас за шминка и дружење што ја слави важноста на грижата за себе.

Во пријатна и топла атмосфера во „Цвет Бистро“ во населбата Аеродром, dm и заедницата „Мама круг“ на 16 мај го организираа Make-up & Glow Brunch – настан посветен на убавината, негата, женската поддршка и времето кое жените го издвојуваат за себе. Настанот собра 50 учеснички кои низ кафе-дружење, бранч и интерактивни активности имаа можност да се оддалечат од секојдневните обврски и да уживаат во опуштено претпладне исполнето со позитивна енергија.

Make-up & Glow Brunch беше осмислен како простор каде жените можат да се почувствуваат прифатено, инспирирано и поврзано. Организаторите испратија порака дека грижата за себе не мора секогаш да биде голем или недостижен луксуз, туку често започнува со мали моменти – разговор со пријателки, совет за нега, време поминато во добра атмосфера или кратка пауза за сопствено внимание и благосостојба.

Посебен интерес кај присутните предизвика мејкап мастеркласот на тимот од „Студио Трајаноски“, каде беа споделени практични совети за природен и свеж изглед, како и препораки за секојдневна нега на кожата. Акцентот беше ставен на едноставни техники и рутини што лесно можат да се применат во секојдневието, а учесничките имаа можност и самите да креираат сопствени изгледи инспирирани од професионалните совети.

Настанот дополнително беше збогатен со подароци од dm – несесери со производи од брендовите essence, L’Oréal, Aura, Rimmel, Max Factor, Maybelline, Catrice, trend !t up и alverde, кои беа користени и за време на мастеркласот. Интерактивниот концепт овозможи секоја учесничка да испроба различни производи и техники, што придонесе целото искуство да биде уште полично и поавтентично.

Од „Мама круг“ и dm посочија дека ваквите настани имаат пошироко значење од класичен beauty event, бидејќи создаваат простор за женско поврзување, поддршка и размена на искуства. Во време кога секојдневните обврски често го оставаат личното време на последно место, Make-up & Glow Brunch беше потсетник дека самодовербата, негата и менталната благосостојба започнуваат токму со посветување внимание на себе.

Со овој настан, dm уште еднаш ја потврди својата ориентација кон теми поврзани со женската нега, убавина, wellbeing и создавање заедници што поттикнуваат позитивни искуства и меѓусебна поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс