Маѓар обвинува: „Се уништуваат документи од владата на Орбан“

Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар тврди дека институции блиски до владата во заминување уништуваат важни документи. Обвинувањата доаѓаат по изборниот пораз на Виктор Орбан и отвораат сериозни прашања за транспарентноста на транзицијата.
epa12822354 President of the opposition Tisza Party, Peter Magyar addresses his supporters during the National March in Budapest, Hungary, 15 March 2026, on the occasion of the national holiday to mark the 178th anniversary of the outbreak of the 1848 revolution and war of independence against the Habsburg rule. EPA/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Новиот унгарски лидер Петер Маѓар изнесе сериозни обвинувања дека во институциите поврзани со владата на Виктор Орбан се уништуваат документи пред предавањето на власта.

Според неговите изјави, добиени од извори внатре во институциите, вакви активности се случуваат во министерства, државни канцеларии и други структури поврзани со поранешната власт. 

Маѓар конкретно посочи дека постојат сомнежи за уништување на доверливи материјали, вклучително и документи поврзани со меѓународни санкции и одлуки на владата. 

Тој предупреди дека ваквите постапки можат сериозно да ја нарушат државата, особено ако се уништуваат докази што би можеле да бидат важни за идни истраги. Воедно, ги повика граѓаните да пријавуваат вакви случаи преку анонимни канали. 

Од друга страна, дел од поранешните функционери ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека нема незаконски активности, што дополнително ја продлабочува политичката тензија во земјата. 

Овие случувања доаѓаат во чувствителен момент за Унгарија, по изборите со кои заврши 16-годишното владеење на Орбан и се отвора нова политичка ера со најавени реформи и борба против корупцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни