Ќе ги одмрзне ли Маѓар парите на украинската банка?

Петер Маѓар најави дека е подготвен да разговара за запленетите средства на украинската банка, но конечната одлука останува неизвесна.
epa12886204 Chairman of the opposition Tisza Party Peter Magyar (C) addresses supporters after his party won landslide victory in the general elections in Budapest, Hungary, 12 April 2026. Behind him Vice Chairpersons Maark Radnai (L) and Agnes Forsthoffer applaud. EPA/Robert Hegedus HUNGARY OUT

Идниот унгарски премиер Петер Маѓар, изјави дека е подготвен да разговара за случајот со запленетите средства на украинската “Ошчадбанк” откако и официјално ќе ја преземе функцијата. Според најавите, Маѓар се очекува да ја преземе премиерската должност по неговата заклетва во мај.

Маѓар нагласи дека клучните аспекти на случајот и натаму не се јасни и дека разговори за тоа би биле можни дури откако ќе положи заклетва за премиер. „Не знаеме што всушност се случило во случајот со обезбедувачите кои го превезувале парите, а и ние ги видовме пропагандните вести“, изјави тој.

Тој исто така повика на смиреност и воздржаност, како и на повторно отворање на нафтоводот „Дружба“, кој во моментов е важна точка на тензии меѓу Унгарија и Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека се надева оти за прашањето со запленетите средства на Ошчадбанк ќе може да разговара со Маѓар. Неколку медиуми пренесоа дека Киев очекува новото унгарско раководство да отвори простор за решавање на случајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни