Целта на тренингот беше да се информираат присутните за проектот, неговата содржина, цели и очекувани резултати, како и да се обезбеди поддршка на раскажувачите во планирањето и спроведувањето на идните настани. Учесниците имаа можност да се запознаат со техниките за раскажување приказни и начини на анимирање на публиката, со цел да го пренесат духот на ромските бајки до новите генерации.
Оваа иницијатива продолжува да ја зајакнува културната сцена во нашата заедница и да ги промовира вредностите на солидарност, толеранција и креативност преку волшебниот свет на бајките. Со заеднички труд и ентузијазам, создадовме основа за незаборавни настани кои ќе инспирираат многу идни раскажувачи и љубители на приказни.
Благодарност до сите учесници и поддржувачи на овој проект. Нека магијата на бајките продолжи да живее во нашите заедници!
Проектот е финансиран преку Еразмус + програмата на Европската Унија, а има за цел да ја промовира ромската култура и традиција преку приказни раскажани од Роми. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.