Лумо е новиот АИ асистент што ја почитува дигиталната безбедност

Новиот АИ асистент од швајцарската компанија Протон функционира со целосна енкрипција и гарантира дека вашите разговори нема да се користат за тренирање модели.

Пазарот на помошници со вештачка интелигенција е прилично пренатрупан, но голем дел од постоечките решенија во позадина се потпираат на познати платформи кои се гладни за кориснички податоци со цел да ги тренираат своите модели. Лумо (Lumo) е нов напреден асистент каде што главниот фокус е ставен токму на приватноста на корисниците. Ова не треба да не чуди бидејќи зад проектот стои Протон, добро познатата швајцарска компанија која својата репутација ја изгради врз енкрипција и дигитална безбедност. Поради тоа, Лумо е исклучително интересна опција за сите кои бараат паметен асистент кој функционира на принципот на нулта пристапност.

Овој принцип практично значи дека разговорите не се зачувуваат на серверите, не се користат за тренирање на идните јазични модели, ниту пак се продаваат и споделуваат со други фирми. Целиот систем е лесно проверлив бидејќи станува збор за проект со отворен код. Од функционална страна, Лумо не се разликува премногу од останатите слични модели на пазарот. Со него може да се води стандарден дијалог преку внесување текст или со препознавање на говор, а нуди и опции за пребарување на интернет, генерирање и уредување слики, како и длабинска анализа на документи.

Корисниците можат да избираат помеѓу неколку верзии на моделот, како и помеѓу два начини на работа соодветно наречени брз режим и режим за размислување, во зависност од тоа каква задача треба да се заврши. Основната верзија на апликацијата е потполно бесплатна и достапна за преземање, додека за отстранување на ограничувањата и пристап до напредните опции потребно е да се плати месечна претплата за премиум изданието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс