Актуелниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, победи во вториот круг од претседателските избори, објави Ројтерс. Според објавените резултати, Лула освоил околу 51 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, десничарскиот сенатор Флавио Болсонаро, добил околу 48,84 отсто.
Двајцата кандидати имаат спротивставени ставови за односите меѓу Бразил и САД, климатските промени, социјалната заштита и други клучни прашања за најголемата економија во Латинска Америка.Во првиот круг Болсонаро освоил 2,2 милиони гласови повеќе од Лула. Негова победа ќе значеше политички пресврт надесно во најнаселената земја во Латинска Америка.
Анкетите пред гласањето покажувале дека трката е тесна и дека двајцата кандидати имаат слична поддршка. Сепак, Лула успеал да ја обезбеди победата во завршницата на изборната кампања. И двајцата политичари во текот на своите кариери се соочувале со обвинувања за корупција. Лула поминал повеќе од една година во затвор по пресуда за корупција, која подоцна била поништена.
Флавио Болсонаро е син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, кој беше осуден на 27 години затвор за планирање државен удар по поразот на изборите во 2022 година. Во Бразил гласањето се спроведува целосно електронски, што овозможува пребројувањето на гласовите да се одвива побрзо отколку во многу други земји од Латинска Америка.
