Луксузни вили, милиони долари и сенка врз Киев: Се отвора ли најголемиот корупциски скандал околу блиски луѓе на Зеленски?

Украинските антикорупциски служби открија мрежа од луксузни вили вредни милиони долари, поврзани со најблиските соработници на претседателот Володимир Зеленски. Скандалот отвора сериозни прашања за корупцијата во врвот на украинската власт.

Украина се соочува со потенцијално најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната, откако антикорупциските институции открија таен комплекс од луксузни вили во близина на Киев, наводно изграден за најтесниот круг соработници на украинскиот претседател Волдомир Зеленски

Според украинското Национално антикорупциско биро (NABU) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (SAPO), преку изградбата на четири раскошни резиденции биле испрани речиси девет милиони долари во период од четири години.

Вили од 1.000 квадрати и тајни кодови

Луксузниот комплекс се наоѓа во елитната населба Козин, јужно од Киев, област позната како дом на високи функционери, бизнисмени и политички елити. Истражителите тврдат дека вилите биле наменети за поранешниот вицепремиер бизнисменот Tимир Миндрих и поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Андреј Јернак.

Секоја од куќите имала површина од околу 1.000 квадратни метри, а проектите биле скриени под кодните имиња R1, R2, R3 и R4, со цел да се сокријат вистинските сопственици. Во рамки на комплексот постоела и заедничка резиденција со базен, спа-центар и фитнес-сала. Според проценките, целиот комплекс, кој се простира на повеќе од осум хектари, би можел да вреди над шест милиони долари.

Корупциска шема поврзана со државниот енергетски гигант

Истражителите тврдат дека поголемиот дел од средствата потекнувале од корупциска шема поврзана со државниот нуклеарен монополист Energoatom. Наводно, високи функционери земале провизии од 10 до 15 проценти од изведувачи на државни проекти за да им обезбедат договори и статус на добавувачи. Дел од тие пари потоа завршувале во изградбата на луксузните резиденции.

Антикорупциските служби тврдат дека околу 72 проценти од финансирањето било исплаќано во кеш на работниците на градилиштето, додека остатокот бил прикриен преку фиктивни компании и лажни услуги.

Војна надвор, луксуз зад затворени врати

Особено внимание предизвикаа наводните пораки на Чернишов од март 2022 година период кога руските сили се бореа на периферијата на Киев.

„Реков полека повторно да продолжат работите. Мора некако да се оди напред. Прозорците, покривот и ќерамидите наскоро треба да пристигнат“, наводно напишал тој во порака до сопругата.

Според NABU, токму во тој период изградбата дополнително се интензивирала, и покрај воената состојба во земјата.

Дали една од вилите била за Зеленски?

Најголемите шпекулации се поврзани со четвртата куќа, проектот R1, за кој истражителите сè уште официјално не откриваат кому му бил наменет. Украинските медиуми објавија транскрипти од разговори во кои се спомнува „Вовината куќа“, при што „Вова“ е чест прекар за името Володимир.

Во разговорите наводно се спомнува и Макс Донетс, шефот на личното обезбедување на Зеленски. Сепак, директорот на NABU, Семен Кривојонс, изјави дека актуелниот претседател не е опфатен со истрагата и дека како шеф на државата ужива имунитет од кривично гонење.

Анализа: Тежок удар за имиџот на украинската власт

Случајот доаѓа во чувствителен момент за Украина, која продолжува да добива милијарди долари западна помош за војната и обновата. Во изминатите години Киев постојано уверуваше дека борбата против корупцијата е еден од главните приоритети на власта и клучен услов за приближување кон Европската Унија.

Но, новите обвинувања повторно отвораат прашања дали коруптивните мрежи останале длабоко вкоренети во украинскиот политички систем дури и за време на војна. За претседателот Зеленски, кој политичката кариера ја изгради токму врз ветувањата за расчистување со олигарсите и корупцијата, овој скандал би можел да стане сериозен политички товар, особено ако истрагата се доближи до неговиот најтесен круг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс