Европската вселенска агенција (ESA) го избра италијанскиот астронаут Лука Пармитано за учество во мисијата „Артемис III“, која претставува клучен чекор во американската програма на НАСА за враќање на луѓето на Месечината.
Пармитано за „Еуроњуз“ изјави дека Европа сака да биде силен и доверлив партнер на Соединетите Американски Држави во новата ера на истражување на вселената. Лансирањето на мисијата е предвидено за 2027 година, а покрај тројца астронаути на НАСА, во екипажот ќе биде и италијанскиот астронаут.
Според НАСА, „Артемис III“ ќе биде една од најсложените мисии со човечки екипаж во поновата историја. Пармитано, кој веќе поминал повеќе од 366 дена во вселената и бил командант на Меѓународната вселенска станица, со ова ќе стане првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“.
Тој нагласи дека европскиот идентитет и соработката меѓу земјите се важен дел од неговата мотивација, но признава дека екипажот го очекуваат сериозни предизвици. Во моментов тој и останатите членови на мисијата минуваат низ интензивна обука со симулации и подготовки за различни можни сценарија.