Во студентски дом во бугарскиот град Угарчин, се пронајдени три безживотни тела на еден маж, една жена и едно малолетно девојче, јавуваат медиумите од соседна Бугарија.
Според информациите на медиумите, на крвавиот пир му претходел жесток конфликт меѓу неколку лица во објектот, кој наводно бил поврзан со нерасчистени лични односи и љубовен триаголник.
Медиумите пренесуваат дека за време на расправијата, маж со криминално досие со нож нападнал возрасна жена и маж кои биле во домот.
Двајцата се здобиле со смртоносни повреди на самото место.
Сведок на целиот инцидент било 15-годишно девојче. За да избега од напаѓачот, таа скокнала од терасата на зградата.
Податоците од истрагата укажуваат дека девојката немала траги на насилство, туку починала од сериозни повреди здобиени при падот.
По пријавата, на терен веднаш излегле полициски екипи и медицински лица, при што еден осомничен е уапсен.