Лина Ѓорческа не запира: по Вимблдон ќе се обиде да стигне и до УС Опен

По историскиот настап на Вимблдон, Лина Ѓорческа се пријави за УС Опен и ќе се обиде преку квалификации да стигне до главниот турнир.

Лина Ѓорческа го оствари најголемиот успех во кариерата со пласманот на главниот турнир на Вимблдон, но македонската тенисерка веќе гледа кон следниот голем предизвик — УС Опен.

Ѓорческа се пријави за настап на американскиот гранслем турнир, кој ќе стартува за околу еден месец.

Македонката повторно преку квалификации ќе брка главен турнир

Организаторите денеска го објавија списокот на пријавени тенисери и тенисерки, а меѓу нив се најде и името на Ѓорческа.

Како и на Вимблдон, таа ќе се обиде преку квалификациите да стигне до главниот турнир и повторно да направи голем резултат за македонскиот тенис.

УС Опен стартува на 30 август

Првото коло на УС Опен ќе започне на 30 август, додека квалификациите ќе се играат една седмица порано во Њујорк.

По историскиот настап на Вимблдон, Ѓорческа добива нова шанса да го продолжи најуспешниот период во кариерата и да се избори за место меѓу најдобрите на уште еден гранслем турнир.

е-Трн да боцка во твојот инбокс