Лиценца и испит за психолозите во училиштата: Јаневска најави нови правила во образованието

Министерката за образование Весна Јаневска најави воведување лиценци и приправнички испит за психолозите во училиштата, како дел од новите стандарди за подобрување на образовниот систем.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави воведување лиценци за психолозите и задолжителен приправнички испит, како дел од новите мерки за подобрување на квалитетот и професионалните стандарди во образовниот систем.

Според најавите, психолозите кои работат во училиштата во иднина ќе треба да поседуваат лиценца за работа, а пред целосно вклучување во системот ќе полагаат и приправнички испит. Целта, како што посочи Јаневска, е да се обезбеди поголема стручност и подготвеност кај кадарот што работи со учениците.

Министерката оцени дека улогата на психолозите и стручните служби во училиштата станува сè поважна, особено во услови на зголемени предизвици поврзани со менталното здравје, врсничкото насилство и безбедноста на учениците. Таа најави дека Министерство за образование и наука подготвува законски измени и нови стандарди што ќе опфатат проверки на компетенциите, професионален развој и континуирана едукација на стручниот кадар во образованието.

Темата за улогата на психолозите во училиштата повторно се актуализира по последните случаи на насилство и трагични настани во регионот, по што јавноста и експертите побараа посилен систем за психолошка поддршка и превенција во образовните институции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс