За прв пат во историјата, на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година ќе се натпреваруваат еднаков број мажи и жени. Оваа застапеност на спортистите 50:50, ги прави Летните игри први кои достигнаа родова еднаквост.
„Заедно можеме да одиме побрзо, повисоко, посилно за да ја направиме родовата еднаквост реалност. Играта се менува. Напредокот не застанува тука. Со очекувана глобална публика од 3 милијарди, овогодинешните игри ќе имаат подеднакво покривање во ударниот термин на сите настани, ставајќи ги сите спортисти во центарот на вниманието. На игрите ќе има и повеќе женски и мешани настани, нудејќи повеќе можности за жените да освојуваат медали„ , се вели во анализата на UN Women.