Лара Иванова во РеТрн: ритам, енергија и соништа без граници

Наша гостинка во новата епизода е Лара Иванова – зад „првоаприлската“ маска се крие девојка со голем талент, чија најголема љубов е музиката 🎤✨

Со музика почнала да се занимава уште на 5-годишна возраст, кога настапила на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“, а нејзината професионална кариера започнува со настапот на „Макфест“ 2019.
До денес има освоено значајни признанија – награда за најдобра вокална интерпретација на „Макфест“, награда за најперспективна пејачка на „Златна Бубамара“, како и победата на „Макфест“ со песната „Бела“ во дует со Пајак.

Млада, амбициозна и со повеќе песни отколку години – Лара е дел од новата генерација што сериозно ја гради својата кариера на македонската музичка сцена.

Во оваа епизода разговараме за:

  • Колку е тешко да се биде дел од македонската естрада како млада девојка?
  • Дали се гледа надвор од Македонија?
  • Ако не беше музиката – која би била нејзината професија?
  • Како се гледа себеси за 10–15 години?
  • Што ја прави среќна, а што тажна?

🎤 Лара Иванова во РеТрн

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни