Купувањето производи преку кинеските онлајн платформи од денеска, 1 ноември, станува поскапо за потрошувачите во Европската Унија. Покрај постојната фиксна давачка од три евра за пратки со вредност под 150 евра од земји надвор од ЕУ, се воведува и дополнителна такса од две евра за царинска обработка.
Новите трошоци значат дека нарачувањето евтини производи од платформи како „Тему“ и „Шејн“ може да стане значително поскапо, особено кога во една пратка има повеќе различни артикли.
На пример, за производ што чини 10 евра, купувачот ќе треба да плати уште три евра фиксна давачка и две евра такса за обработка, како и ДДВ доколку тој веќе не е вклучен во цената при купувањето.
Повеќе различни производи, повисоки дополнителни трошоци
Разликата може да биде уште поголема кога во една пратка се нарачуваат повеќе различни производи. Според примерот што го пренесува „Вијести ба“, ако купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода, фиксната давачка од три евра се пресметува за секој вид стока одделно.
Тоа значи 12 евра по основ на постојната давачка, а со новата такса од две евра за секој артикл купувачот ќе мора да плати три евра фиксна царинска давачка, две евра нови такси за ракување и ДДВ, доколку данокот веќе не е вклучен при купувањето во онлајн продавницата, покрај основната цена.
Вкупниот износ драстично се зголемува ако во истиот пакет се нарачаат неколку различни артикли, бидејќи царината и таксите се пресметуваат за секој вид стока одделно. Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл. Почнувајќи од недела, ќе се додаваат две евра царинска такса за секој артикл, што е дополнителни осум евра. За четири различни артикли, купувачот автоматски плаќа 20 евра данок на државата, без оглед на тоа колку чинат самите артикли, пренесува
