Култните Буби викендов го освојуваат Скопје

Љубителите на легендарната „Буба“ викендов имаат можност да видат ретки и зачувани модели на еден од најпрепознатливите автомобили во историјата, како дел од тридневната прослава на Beetle Club Macedonia.

Beetle Club Macedonia овој викенд одбележува 16 години постоење со настан што ги собира љубителите на култниот автомобил Volkswagen Beetle од земјава и регионот. Денес се одржува централниот дел од програмата, односно изложбата на овие олдтајмер на Плоштад Македонија.

Настанот е отворен и за учесници и за посетители – сопствениците на „Буба“ ќе ги претстават своите возила, додека останатите ќе можат да уживаат во ретки модели, реставрирани примероци и уникатни верзии на автомобилот што со децении важи за симбол на автомобилската култура.

Организаторите уживаат во дружењето, дефиле низ градот и неформална програма што ја одбележува страста кон класичните автомобили. Настанот не е само изложба, туку и простор за заедницата што ја негува оваа култура преку која може љубителите да се поврзат, да разменат искуства и да ја продолжат традицијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни