Крај на легенарните албуми: ФИФА го менува производителот на сликички по 60 години

Одлуката на ФИФА претставува голем пресврт на пазарот на спортски колекционерски производи и означува крај на соработка што одбележа генерации љубители на фудбалот ширум светот.

FIFA го прекинува долгогодишното партнерство со италијанската компанија Panini, производител на легендарните албуми и самолепливи сликички за Светските првенства, објави The Guardian. Соработката, која трае уште од Светското првенство во 1970 година во Mexico, официјално ќе заврши по Мундијалот во 2030 година.

Panini ќе продолжи да ги произведува официјалните сликички за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико како и за Мундијалот 2030. Потоа, ФИФА преминува на нов партнер, Fanatics, односно брендот Topps, кој работи во рамки на групацијата Fanatics.

Завршува партнерство долго шест децении

Првиот официјален албум со фудбалски сликички беше објавен пред Светското првенство во 1970 година, а оттогаш албумите на Panini станаа симбол на секој Мундијал и дел од детството на милиони навивачи ширум светот. До 2030 година, соработката меѓу ФИФА и Panini ќе трае точно 60 години, со што ќе заврши една од најпознатите приказни во светот на спортското колекционерство. Колку вредат овие албуми покажува и примерот со комплетиран албум од Светското првенство 1970, кој во 2017 година бил продаден за повеќе од 10.000 фунти.

Инфантино: Fanatics носи нови иновации

Претседателот на ФИФА, изјави дека Fanatics носи нова енергија и иновации во светот на спортското колекционерство.

„Во целиот спортски свет гледаме дека Fanatics воведува огромни иновации во колекционерството, овозможувајќи им на навивачите нови и посмислени начини да се поврзат со своите омилени тимови и играчи“, изјави Инфантино.

Panini уште во декември 2023 година потпиша договор со ФИФА со кој остана ексклузивен партнер за официјални сликички, колекционерски картички и дигитални колекционерски производи за Светското првенство 2026, Мундијалот 2030, како и за Светското првенство за жени во 2027 година.

Fanatics агресивно се шири на спортскиот пазар

Во последните години, Fanatics значително го проширува своето присуство во спортскиот бизнис и колекционерството, додека Topps важи за еден од најпознатите светски производители на спортски картички и колекционерски производи.

Одлуката на ФИФА претставува голем пресврт на пазарот на спортски колекционерски производи и означува крај на соработка што одбележа генерации љубители на фудбалот ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни