Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески, го отвори „ЅИРНИ – Фестивал на Филм и музика“

И оваа година „Ѕирни“ нуди одлична филмска програма во комбинација со добра музика, изложби, претстави и добра забава за љубителите на филмската уметноста во градот.

Со проекција на филмот на „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески, на плочникот позади Соборниот Храм, официјално беште отворено уште едно издание на „ЅИРНИ – Фестивал на Филм и музика.“

И оваа година „Ѕирни“ нуди одлична филмска програма во комбинација со добра музика, изложби, претстави и добра забава за љубителите на филмската уметноста во градот. Фестивалот се одржува на неколку урбани локации во градот.

По проекцијата на филмот на Ставрески, кој е дел од официјалната конкуренција, беa прикажани и филмовите „Frame of Mind“ и „Bug“ „ Cafe Marlyn “кои се исто така дел од официјалната селекција.

Во 20:00 часот беше отворена изложбата на аналогни фотографии Мозаик во Зрно на Љубомир Трајковски, а во Кафе Котур DJ UX направи одлична музичка селекција.

Фестивалот продолжува во наредните десет дена со проекција на филмови, концерти, тетарски претстави, интервіуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана музичка програма. Оваа година официјалната селекција на кратки филмови, кои се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески”, станува интернационална, а се воведуваи уште еден натпреварувачки дел во програмата – интернационални кратки студентски филмови. Го очекуваме и вториот по ред 48 часовен филмски предизвик, како и филмските проекции посветени на Мето Јовановски.

Во продолжение галерија од првиот фестивалски ден

Фото Стефан Самандов

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни