Комплетирани списоците на сите учесници на Светското првенство, најстариот играч има 43, а најмладиот 17 години

Шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на Светско првенство со 43 години и 162 дена, најмлад е Гилберто Мора од Мексико со 17 години и 240 дена

Сите 48 учесници на овогодинешното Светско првенство испратија конечни листи од по 26 играчи кои ќе играат во САД, Канада и Мексико, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Селекторите на националните репрезентации ќе можат да го менуваат конечниот состав само во случај на сериозни повреди, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза на Светското првенство.

Откако повторно се најдоа меѓу репрезентациите на својата земја, мексиканскиот голман Гилермо Очоа , португалскиот Кристијано Роналдо и аргентинскиот  Лео Меси ќе станат рекордери со шест учества на Светските првенства.

Шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на турнирот со 43 години и 162 дена, додека најмлад е Мексиканецот Гилберто Мора со 17 години и 240 дена.

Исто така, селекторот на Гана, Карлос Кеироз, ќе игра на своето петто Светско првенство по ред, израмнувајќи го рекордот поставен од српскиот тренер Велибор Бора Милутиновиќ.

Кеироз ја водеше Португалија во 2010 година, Иран во 2014, 2018 и 2022 година, а сега ќе седи на клупата на „Црните ѕвезди“. 

Бора Милутиновиќ ги предводеше Мексико во 1986 година, Костарика во 1990 година, САД во 1994 година, Нигерија во 1998 година и Кина во 2002 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс