Еден момент, 4.000 години разлика:

Summer solstice: Кога сонцето повторно се враќа над Кокино

На 21 јуни 2026 година, во 10:24 часот по македонско врем, Земјата ќе ја достигна точката на летниот солстис. Во Кумановско, на 1.030 метри, луѓето пред 4.000 години изделкале камени маркери за да го забележат токму овоj момент. Денес таму пак се собираат луѓе, пак за истото Сонце.

На 21 јуни 2026 година во 10:24 часот по македонско време, Земјата ќе ја достигне точката на летниот солстис. Тоа е единствениот момент во годината кога Сонцето е директно над Тропикот на Ракот и кога северната хемисфера добива повеќе дневна светлина отколку во кој и да е друг ден. Пред 4.000 години, на ридот Татиќев Камен во Кумановско, луѓето го знаеле тоа прецизно. Ги изделкале деветте камени маркери, ги порамниле со хоризонтот и чекале. Тоа место денес се вика Кокино. Спорд НАСА, тоа е четвртата наjстара опсерваторија во светот. И додека светот го одбележува летниот солстис со огнови, музика и jога на плоштадите, во Македонија постои место каде тоj ден се одбележувал со сосема поинаков ритуал: со гледање на изгрejсонцето низ прецизно изделкан камен маркер, поставен пред 4.000 години.

Мегалитската опсерваторија Кокино е сместена на неовулкански рид на 1.030 метри надморска височина. Со должина од околу 90 метри и ширина од 50 метри, таа е четвртата наjстара опсерваторија во светот според листата на НАСА оbjавена во 2005 година, по Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Анкор Ват во Камбоџа.

Опсерваторијата содржи девет маркери за одбележување на изгревањето на Сонцето и Месечината на источниот хоризонт. Три од нив се наменети специфично за три сончеви позиции: денот на летната долгодневница, денот на зимската краткодневница и деновите на пролетната и есенската рамноденица. Со порамнување на централната набљудувачка позиција со соодветниот маркер, луѓето кои живееле тука пред 4.000 години знаеле точно кога е наjдолгиот ден. Не приближно туку прецизно.

Физичарот Ѓоре Ценев, коjшто целиот своj работен век го посветил на астрономиjата и кojшто заедно со кумановскиот Музеj ja обjави „Археоастрономска анализа на мегалитската опсерваторија Кокино”, се смета дека ги одгатна таjните на локалитетот. Не само опсерваторија, туку и светилиште посветено на култот кон Големата Мajка и кон Богот на Сонцето. Опсерваторијата ги одредувала четирите главни позиции на Месечината и трите главни позиции на Сонцето, а еден специjално позициониран маркер покажувал дека таа се користела и за следење на движењето на созвездието Плеjадес.

Опсерваторијата била во употреба над 1.200 години.

Еден од наjинтересните денови за посета на Кокино е токму денес. Вљубеници во прaисторијата и астрономиjата традиционално се собираат таму за да го пречекаат изгрejсонцето. Истото изгрејсонце кoе пред четири милениуми го набљудувале луѓе чии имиња не ги знаеме, на место чиjа намена ja одгатнале дури во 2001 година.

Но Кокино е постаро од Стоунхенџ . И е наше.

Точно 08:24 UTC: еден момент, две различни сезони

Летниот солстис не е ден, туку момент. Прецизен астрономски миг во коj Земjата го достигнува максималниот наклон на северната хемисфера кон Сонцето. Летниот солстис 2026 се случува во недела, на 21 jуни, во 08:24 UTC, означуваjки го наjдолгиот ден во годината во северната хемисфера. Во тоj момент, северната хемисфера на Земjата е наклонета под своjот максимален агол од 23,5 степени кон Сонцето, поставуваjки го Сонцето директно над Тропикот на Ракот. За Македониjа, тоа е во 10:24 часот. Во ист миг, Мелбурн, Буенос Аjрес и Кejп Таун го одбележаа зимскиот солстис, своjот наjкраток ден.

Во северните пределски земји, наjблизу до Арктичкиот Круг, денот е уште поекстремен. Регионите над Арктичкиот Круг доживуваат 24 часа континуирана дневна светлина. Финска, Норвешка, делови од Канада, Аљаска: Сонцето не заоѓа воопшто.

Стоунхенџ: 4.500 години

Светската иконска локациjа за летниот солстис е иста како и пред 4.500 години. Стоунхенџ е изграден да се порамни со Сонцето на солстисите. На солстисот, тоj е еден од ретките прилики кога е дозволена посета и одење меѓу самите камени споменици во тие неколку часа околу изгрејсонцето кое се случува приближно во 04:52 наутро. Современите Друиди, Пагани и духовни групи се собраат за да го означат изгрејсонцето со песни, тивки ритуали и сезонски набљудувања.

Секоjа солстисна утрина, приближно десет илjади или повеќе посетители се собираат на предисторискиоткруг за да го гледаат Сонцето кое изгрева во порамнување со Камењата. Истата суштина, иста привлечност. Само 4.000 километри поодалеку од Кокино.

Скандинавиjа: Мидсомар, маjполот и цветовите под перница

Во Шведска, Финска, Данска и Норвешка, Мидсомар е втор празник по културна важност. Додека Сонцето се задржува доцна во вечерта, семеjствата се собираат во предградиjата за традиционални прослави кои мешаат пагански корени со радосен сезонски ритуал. Венци од цвеќе се плетат рачно, масите се поставуваат со маринирана харинга, нов компир, кисела павлака и аквавит. Постои и традициjа, суеверие дека немажените жени треба да берат седум диви цвеќиња и да ги стават под перницата за да го сонуваат своjот иден сопруг.

Стариот Египет: Нил и Sириус

Различни богови на различни народи, ист извор: Сонцето. Во Стариот Египет, летниот солстис се поклопувал со полнењето на Нил. Бидеjки било клучно да се предвиди ова годишно поплавување, египетската Нова Година почнувала на овоj важен солстис. Звездата Сириус, коjа повторно се поjавувала на утринското небо заедно со солстисното Сонце, била сигнал да се очекуваат поплави.

Кај Инките во Перу, jуни е зимски солстис за Jужната хемисфера, кој не е помалку значаен. Инките некогаш го прославувале Инти Раjми, фестивал на Сонцето во чест на Инти, богот на Сонцето. Денес, Куско продолжува да jа почитува оваа стара традициjа со музика, паради и реконструкции на инканските церемонии.

Огнот: од Келтите до Шпаниjа

Низ целата историjа, огнот е централен елемент на солстисните прослави. Во северноевропските и централноевропските неолитски култури, летниот солстис бил одбележуван со палење огнови, со цел да jа засили силата на Сонцето за остатокот од посевната сезона и да обезбеди здрава жетва. Денес, тоj образец продолжува. На плажите и плоштадите, огновите горат додека луѓето прескокнуваат пламени или бранови. Прославите крaj брегот во Шпаниjа и Португалиjа се особено познати.

На 21 jуни 2026 конвергираат три различни глобални прослави. Летниот солстис, Фејт де ла Мјузик и Светскиот ден на jогата. Трите немаат формална врска, но имаат ист темел: природниот ритам на Земjата и поврзаноста на луѓето со светлината.

По 10:24: денот почнува да се скрати

По точниот момент на солстисот во 10:24 часот по македонско, денот официjално почнува да се скрати. Тоа е она шо Латините го именувале со „солститиум”: Сонцето стои. Момент на пауза пред повлекувањето. Во сите традиции, тоj момент не е тага за зголемената темнина коjа доаѓа, туку слава за светлината коjа е тука.

Пред 4.000 години, некоj на Кокино застанал на централната набљудувачка позиција и го следел изгрејсонцето низ маркерот. Знаел точно каде ќе изгрее и знаел дека оваа е наjдолгиот ден. И можеби, исто онака каков и ние денес, застанал за момент и само гледал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс