Холандската светска шампионка во брзо лизгање Џој Бејне првпат позира за насловницата на холандското издание на Playboy и ги урна рекордите во продажба на магазинот во Холандија.

25-годишната спортистка која на насловната носи само ракавици, се смета за најголемото име што позирало за холандскиот Playboy во последната деценија. Декемвриското издание на магазинот беше пуштено во продажба во четвртокот. Daily Mail пишува дека Playboy во Холандија има тираж од околу 30.000 примероци, но оваа недела, на првиот ден од излегувањето на магазинот, продажбата била десет пати поголема.
Заради тоа, Playboy отпечати уште примероци, што, како што истакнуваат, никогаш не се случило во последните 11 години, колку што магазионот излегува во Холандија.
“Ова е многу убаво да се чуе. Не очекував да се продадат толку примероци. Очекував многу критики, но слушам само убави пораки и сите мислат дека тоа е неверојатно кул,” изјавила Џој за локалните медиуми.

За фотографирањето за магазинот ја поттикнал нејзиниот момче, исто така брзоклизач, Кјелд Нус (35).
Џој призна дека порано била многу несигурна во однос на својот изглед. Сега, како што вели, тоа се променило.
“Имаше моменти кога се споредував со другите брзоклизачки. Сите се супер витки и имаат неверојатно затегнати тела. Тогаш си помислив дека сум премногу тешка. Но тоа се глупости, треба да се јаде добро, потребна е енергија,” изјавила таа.
Кој е Џој Бејне?
Џој Бејне е родена на 28 април 1999 година во градот Борне, Холандија.
Бејне освоила сребрен медал на Светското младинско првенство во брзо лизгање 2017 година во Варшава. Следната година, на Светското младинско првенство во брзо лизгање 2018 во Ути, стана светска младинска шампионка. Таа победи на дисциплините на 1000 м, 1500 м и 3000 м и постави светски младински рекорди на тие растојанија.