Search
Петто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

„Кобалт Код Унит“ во Лабораториум

„Кобалт Код Унит“ вчера вечер го отвори петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ што се одржува од 20 до 27 април во салата на Македонската филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.

„Cobalt Code Unit“, од организаторите беше најавен како бенд-фракција од четири млади музички аскети, кои успеваат да ја спојат традицијата, современиот џез, африканскиот бит и бучавата на индустрискиот метеж.

На 23 април во 20 часот, во салата на Македонската филхамонија, во склоп на фестивалот, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект Мирисот на липите“ на Дуња Иванова на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна.

Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски со музика на еден од стожерите на современата џез композиција – Кире Костов.

На 27 април во Лабораториум, во 21 часот, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“, нов креативен, (о)слободен, инспиративен, предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика. Во 22 часот ќе започне настапот на Поетроника“. Еден од највозбудливите проекти кој во форма на поетско-музички перформанс ја спојува македонската поезија со современа електронска музика. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од актерот Оливер Митковски, во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна. Билетите се достапни на следниве линкови: https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта)

Фото: Димитар Апостолов

Најново

Последни колумни