Книговез работилница во Охрид

Книговезецот Драган Георгиевски ќе организира специјализирана работилница за книговезни производи

Во четврток нс 05 септември во 17:00 часот во Книговез работилницата во Охрид, книговезецот Драган Георгиевски ќе организира специјализирана работилница за книговезни производи: Knigovez Workshop & Gift Shop – Ohrid.

Преку работилницата ќе ги открие тајните на овој редок занает, преку што се надева дека некој ќе ја продолжи оваа дејност, која повеќе е уметност отколку обичен занает.

,,Креативност, трпение и многу љубов е се што ви треба за учество во оваа работилница која е од едукативен и забавен карактер” велат организаторите од Europe House Струга.

На работилницата ќе има презентација на рачна резба на кожа, практичнa вежба: тврд повез на мали бележници, како и практична вежба: рачно шиење на кожа.

Секој учесник ќе си замине со неговите изработени производи: 3 минијатурни бележници и една кожна футрола за картички.

е-Трн да боцка во твојот инбокс