Климатските промени ќе ни донесат „поплави на стероиди“

Климатската криза е главниот виновник за обилните врнежи и поплавите што ја погодија централна Европа во септември., а со дополнително зголемување на температурата на Земјата би можеле да добиеме „поплави на стероиди“, предупредуваат експертите.
Фото: X/@Buckarobanza

Климатските промени од кои Земјата се затоплува ги создадоа условите за екстремните врнежи од дожд ја погодија централна Европа во септември, покажуваат истражувањата.

Научниците открија дека глобалното затоплување ги направило посилни бурите забележани во областите од Австрија до Романија, што предизвикува поголема штета и опасност.

Кога станува збор за дождот, зголемувањето поради климатските промени изнесуваше најмалку седум отсто, покажа Светската временска атрибуција, што доведе до тоа градовите да бидат погодени со двојно повеќе вода.

„Трендот е јасен – ако луѓето продолжат да ја полнат атмосферата со емисии на фосилни горива, ситуацијата ќе биде потешка“, вели Богдан Чојницки, климатолог од Универзитетот за животни науки во Познањ и коавтор на студијата.

Бурата Борис ја погоди Централна Европа во средината на септември и исфрли рекордни количества дожд во Австрија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Обилните дождови ги претворија мирните потоци во бесни реки, предизвикувајќи поплави кои уништија домови и загинаа околу 20 луѓе.

Заштитните мерки преземени во погодените подрачја, истакнуваат истражувачите, го намалија бројот на жртви во споредба со сличните поплави кои го погодија регионот во 1997 и 2002 година.

Експертите ги повикаа властите да подготват и спроведат подобра одбрана од поплави, системи за предупредување и планови за одговор при катастрофи и предупредија да не се дозволува градба во области подложни на поплави.

Фото: Полска полиција

„Овие поплави покажуваат колку скапи стануваат климатските промени. И покрај неколкудневните подготовки, поплавите сè уште ги опустошија градовите, уништувајќи илјадници домови. Европската унија вети 10 милијарди евра помош“, рече Маја Валберг, технички советник во Климатскиот центар на Црвениот крст и Црвената полумесечина и коавтор на студијата.

Студиите за брза атрибуција, кои користат воспоставени методи, но се објавуваат пред да поминат низ долги процеси на рецензија, испитуваат како човечкото влијание влијае на екстремните временски услови непосредно по катастрофата.

Научниците ги споредија врнежите забележани во централна Европа во текот на четири дена во септември со количините добиени во симулација доколку температурата на глобално ниво беше пониска за 1,3 степени, нивото на затоплување предизвикано досега од согорувањето на фосилните горива и уништувањето на природата.

Симулацијата откри дека веројатноста за поплава била зголемена двојна, а интензитетот на врнежите за седум отсто поради влијанието на човекот.

Но, овие резултати се дури и „конзервативни“, велат научниците, бидејќи моделите не ја моделираат експлицитно конвекцијата и на тој начин може да ги потценат врнежите: „Нагласуваме дека насоката на промената е многу јасна, но стапката не е.

Физичарите покажаа дека секој Целзиусов степен на затоплување му овозможува на воздухот да задржи седум проценти повеќе влага, но дали тоа ќе се случи зависи од достапноста на вода.

Дождовите во централна Европа беа активирани кога студениот воздух од Арктикот се сретна со топол, влажен воздух од областите на Медитеранот и Црното Море.

Потоплите мориња го поттикнуваат дождливиот дел од хидролошкиот циклус, иако делови од копното се склони кон посуви услови, рече Мирослав Трка, климатски научник од Институтот за истражување на глобални промени, кој не беше вклучен во студијата. Со „вистинските“ услови, предупреди тој, може да добиете „поплави на стероиди“.

Трнка ги спореди факторите кои доведуваат до екстремни врнежи со играње лотарија. Зголемувањето на ризикот од глобалното затоплување, нагласи тој, е како купување на повеќе комбинации за учество во лотаријата, на подолг временски период и менување на правилата, така што повеќе комбинации на бројки резултираат со добивка.

„Ако се обложувате доволно долго, имате поголеми шанси да го освоите џекпотот“, вели Трнка.

Студијата покажува дека можни се и пообилни четиридневни врнежи доколку светот се загрее за два степени во споредба со прединдустриските нивоа. Во тој случај, зголемувањето во однос на сегашната состојба би било околу пет отсто во интензитетот на врнежите и дури 50 отсто во веројатноста за појава.

Хејли Фаулер, климатолог од Универзитетот Њукасл, кој не бил вклучен во студијата, рече: „Овие големи бури, отсечени од млазните струди, можат да се задржат на едно место и да произведат огромни количини на врнежи, поттикнати од зголемената влага и енергија од океаните со рекордно затоплување.”

Овие бавно-движечки „блокирани“ бури, објаснува Фаулер, стануваат се почести и се предвидува дека дополнително ќе се зголемат со дополнително затоплување.

„Прашањето не е дали треба да се прилагодиме на повеќе од овие видови бури, туку дали можеме“, вели Фаулер.

Светската метеоролошка организација ја опиша неделата по бурата Борис како „хиперактивна“ бидејќи 12 катастрофи ширум светот ги активираа нејзините критериуми за анализа, повеќе од која било недела во историјата на организацијата.

Студијата не се обиде да утврди колку глобалното затоплување ги зголемиле штетите предизвикани од дождовите, но истражувачите истакнуваат дека дури и малите зголемувања на врнежите несразмерно ја зголемуваат штетата.

„Речиси секаде во светот се случува мало зголемување на врнежите да доведе до зголемување на поплавите од сличен редослед на јачина, но тоа води до многу поголем пораст на штетите“, рече Фридерике Ото, климатолог во Грантам институтот при Империал колеџ во Лондон и коавтор на студијата.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни