Жителите на Кисела Вода среде ноќ оставени без вода

Жителите на седум улици во Кисела Вода останаа без вода поради дефект на водоводната мрежа, а известувањето било објавено по почетокот на прекинот.

Среде ноќ, жителите на седум улици во Кисела Вода останаа без вода, откако поради уличен дефект беше прекинато водоснабдувањето. Дополнително, известувањето од ЈП Водовод e објавено дури откако дефектот веќе започнал, па граѓаните останаa без можност навреме да се подготват.

Прекинот на водоснабдувањето ги погоди жителите на улиците „Киро Крстевски“, „Христо Татарчев“, „Антон Панов“, „Боте Боцевски“, „Емил Зола“, „Виктор Иго“ и „Мишко Михајловски“. Водата е прекината од 19.30 часот.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека причината е уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри, на улицата „Киро Крстевски“ број 20. Санацијата е во тек, а водоснабдувањето ќе биде воспоставено по целосно отстранување на дефектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни