Кино под отворено небо на покривот на „Сити мол“ – летна филмска програма во Скопје

Во „Сити мол“ во Скопје од 3 јули започнува кино под отворено небо со проекции секоја среда, петок и сабота, меѓу кои и филмот „Троја“ и јубилејна проекција на „Џган“.

Од 3 јули во Скопје започнува новата сезона на кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар „Сити мол“, каде публиката ќе може да ужива во филмски вечери во уникатна летна атмосфера. Проекцијата ќе стартува со епскиот филм „Троја“ од 2004 година, а во текот на целото лето програмата ќе се одржува секоја среда, петок и сабота, со почеток во 20:30 часот.

Организаторите најавуваат внимателно одбрана филмска селекција која ќе понуди комбинација од култни наслови, современи хитови и специјални настани. Еден од нив ќе биде и одбележувањето на 10-годишнината од македонскиот филм „Џган“, кој ќе има посебна јубилејна проекција.

Киното под отворено небо е заеднички проект на „Сити мол“ и „Синеплекс“, кој и оваа година има цел да понуди поинакво филмско искуство – под отворено небо, во летна атмосфера над градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс