Кијану Ривс објаснува зошто постојано размислува за смртта

Фото: Governo do Estado de São Paulo

Кијану Ривс старее како и сите други и токму поради тоа смртноста му била на ум на ѕвездата од „Матрикс“, изјави тој за Би-Би-Си.

„Имам 59 години и постојано размислувам за смртта. Јас сум млад старец“ вели Ривс кој ја промовира неговата прва книга „Книгата за другото место“.

Книгата е базирана на стриповите „BRZRKR“ креирани од Ривс и пишувана во соработка со британскиот писател на научна фантастика Чајна Мивил.

Книгата се фокусира на ликот Б, бесмртен војник кој посакува да може да умре. Тоа дополнително придонело за фокусот на Рис на смртта.

„Се надевам дека тоа не не ограничува, туку не сензибилизира да го почитуваме воздухот што го дишеме и врските што ги имаме“ вели Ривс.

И додека многумина сметаат дека Б е базиран на Ривс, поради нивната физичка сличност со долга црна коса, актерот и автор вели ликот се мотивира од улогите кои тој ги играл на филм.

„Мислам дека влијае акцијата од филмовите што ги имам играно“ вели Ривс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни