Под ѕвезденото небо во Градскиот парк во Скопје се одржа голем концерт на Македонската филхармонија, која заедно со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун ја изведе монументалната кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.
Настанот претставуваше заеднички културен проект во кој уметниците од трите земји настапија на една сцена, испраќајќи порака дека културата ги надминува државните граници и претставува најсилен мост меѓу народите.
Музичко единство од три држави
На сцената настапија повеќе од 200 музичари од: Македонската филхармонија, Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, Хорот на Македонската опера и балет (МОБ), Детскиот хор „Пиколо“ и Хорот на музичкото училиште од Солун.
Диригент на проектот беше маестро Најден Тодоров од Бугарија, кој е и иницијатор на овој музички проект. Претходно, истиот концерт бил изведен во Софија и Солун, а сега и пред публиката во Скопје.
Како солисти настапија: сопранистката Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција, Иво Јорданов од Бугарија