Меѓутоа, постои уште уште еден предлог на лекарите, поврзан со рутините за вежбање. Иако вежбањето е добро за срцето, одредени типови на вежби може да бидат ризични за луѓето со срцеви проблеми.
Вежбите со висок интензитет, како кревањето на тешки тегови или „powerlifting“, не се за луѓе со срцеви проблеми, вели кардиологот Бредли Сервер.
„Оваа интензивна активност може да предизвика крвниот притисок да скокне четири пати над нормалните граници, што е сериозен стрес за срцето“ вели тој, додавајќи дека лесното и умереното кревање тегови е во ред.
Вежбите со висок интензитет може да доведат до абнормален срцев ритам. Овие вежби вклучуваат тренинг со тегови и кардио. Попознати се под името HIIT, што значи интервален тренинг со висок интензитет. Кардиологот Санџај Маниар смета дека пациентите со срцеви проблеми треба да бидат внимателни со ваквиот тип на вежби, поради слични причини.
„Треба да се избегнуваат вежби кои екстремно го оптеретуваат телото, бидејќи брз наплив на интензивна активност може премногу да го оптерети срцето“ предупредува докторот.
Тој додава дека напрегањето за време на ваквиот тренинг може да доведе до абнормален срцев ритам, исхемија или срцев удар.
„Некои состојби, како што се анеуризмите на аортата (проширена аорта) може да се вложи со кревањето тешки тегови“ се согласува и кардиологот Еван Џејкобс.
Други вежби за кои кардиолозите предупредуваат да се избегнуваат вклучуваат изометриски вежби, како што е планкот.
„Овие вежби може да го кренат крвниот притисок до опасно ниво“ заклучува доктор Маниар.
Извор: Индекс.хр