Кандидат за работа испрати сопствен бот базиран на вештачка интелигенција за да преговара со алгоритам на работодавач, по што дигиталниот разговор заврши со хаос и измислени работни квалификации. Сатиричарот Греам Зип со овој експеримент ја оголи сè почестата корпоративна пракса луѓето да бидат филтрирани од софтвер пред воопшто да стигнат до жив човек. Случајот отвора прашања за достоинството на работниците во време кога селекцијата на кадри целосно се препушта на алгоритми.
Зип му ја препушти улогата на својот виртуелен асистент наречен Виктор за позицијата координатор за маркетинг во компанијата „Брајтвел хоум“. Од другата страна на екранот се наоѓаше вештачка интелигенција на работодавачот под името Пет. Наместо стандарден професионален разговор, двата бози почнаа меѓусебно да си делат комплименти со генерички корпоративни фрази.
Виктор го претстави Зип како врвна маркетнишка ѕвезда, додека алгоритмот на фирмата возврати со пофалби за неговиот тон на комуникација. Разговорот брзо излезе од контрола бидејќи двата модела постојано си влегуваа во збор без човечка пауза.
Зип побара пауза за време на самото интервју за да го предупреди својот дигитален застапник дека претерува. Виктор го претставил како менаџер што раководи со цели тимови, иако тој аплицирал за позиција на маркетинг координатор.
„Слушај, ми се допаѓа како работиш, но претеруваш. Можеш малку да го разубавиш моето искуство, да речеме за десет отсто, но во моментов едноставно измислуваш работи што не се точни“, му рече Зип на својот бот пред камерата.
Експериментот на Зип директно ја отсликува практиката на компаниите што користат софтверски филтри за првична селекција на биографии и видео-интервјуа. Додека глобалните корпорации инвестираат во автоматизирани алатки за да намалат трошоци за човечки ресурси, кандидатите сè почесто се соочуваат со алгоритми кои не препознаваат нијанси, контекст или автентично животно искуство.
Кога темата се префрли на финансискиот надомест, двата бози почнаа директно да преговараат за платата без воопшто да го вклучат човекот кој седеше пред мониторот.
