Канада ќе добие воз побрз од авион

Канада ќе гради целосно електричен ултрабрз hyperloop воз, кој ќе превезува патници во вагони кои ќе лебдат со помош на магнетна енергија со брзина до 1.000 км/ч.Тоа ќе биде побрзо од авион и трипати побрзо од најбрзите брзи возови денес.

FluxJet ќе биде целосно електричен, а вагоните ќе се движат низ вакуум цевки и ќе трошат помалку енергија по патник отколку што денес трошат електричните автомобили. Како што откриваат, FluxJet би можел да почне да ги превезува првите патници порано од 2035 година.

Планирано е првата фаза од изградбата да започне на крајот на оваа година и да го поврзе градот Едмонтон со блискиот аеродром. Првата целосно оперативна линија ќе биде помеѓу градовите Калгари и Едмонтон, кои се оддалечени 300 км еден од друг.

Со овој воз патувањето кое инаку трае 3 часа ќе се скрати на само 45 минути и ќе се заштеди емисија на дури 636.000 тони јаглерод диоксид годишно.

Компанијата која го креираше овој систем, TransPod, вели дека билетите а ултрабрзиот воз ќе чинат 44% поевтино отколку авионските билети, но сепак, се зависи од тоа како ќе се развива оваа мрежа вредна 18 милијарди долари.

Извор: weforum.org

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни