Ученици и млади спортисти од Кисела Вода заминаа на бесплатен камп во Охрид

Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик од Кисела Вода заминаа на бесплатен спортско-едукативен камп во Охрид.

Талентирани млади спортисти и ученици од семејства во социјален ризик од Општина Кисела Вода утрово заминаа на бесплатен летен спортско-едукативен камп во Охрид.

Децата ќе престојуваат во одморалиштето „Детски радости“ во Свети Стефан, каде што им се обезбедени шест полни пансиони.

За квалитетно исполнување на времето за време на престојот ќе се грижи стручен тим составен од наставници, аниматори и рекреатори, а за нивното здравје со нив патува и лекар.

Поддршка за деца од социјален ризик и талентирани спортисти

Градоначалничката на Кисела Вода објави дека ја радува што децата заминуваат на заслужен одмор и посочи дека општината останува посветена на поддршката за децата од социјално ранливите категории, но и на вреднувањето на успесите на младите спортисти.

„Им посакав среќен пат, безбедно патување и незаборавно летување. Сакам сите да уживаат во летото, да градат нови пријателства и да се вратат дома со прекрасни спомени“, напиша градоначалничката.

Таа додаде дека вложувањето во најмладите останува приоритет на Општина Кисела Вода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс