„Camdom е ваш дигитален кондом, што спречува некој да фотографира или снима сексуален однос без ваша согласност“. Сè што треба да направите е да ја отворите апликацијата пред секс за да ја заштитите вашата дигитална интимност“, велат основачите.
Тие додадоа дека безбедносниот софтвер не е комплициран за користење, туку „едноставен како користење на вистински кондом“.
Тоа е контрацепција за модерното време. Честопати врските се снимаат и се дистрибуираат за масовна потрошувачка без согласност на едната или двете страни кои водат љубов.
За да се осигурат дека интсимните моменти нема да станат вирални, корисниците на апликацијата едноставно ги ставаат своите паметни телефони блиску еден до друг и лизгаат надолу на виртуелното копче за да ги блокираат сите камери и микрофони.
Во случај некој од нив да се обиде да снима, се огласува аларм кој го информира несвесниот партнер за потенцијално нарушување на безбедноста.
Camdom може истовремено да блокира онолку уреди колку што е потребно.
„Во денешно време паметните телефони станаа продолжение на нашето тело и на нив складираме многу чувствителни податоци. За да ве заштитиме од снимање содржини без согласност, ја создадовме првата апликација која може да ги блокира вашите фотоапарати и микрофони едноставно со користење на Bluetooth“, се вели во соопштението.
Александар Струман, бренд менаџер за Били Бој компанијата која стои зад Camdom вели дека нивната апликација доаѓа како асистент робот.
„Billy Boy е бренд познат по тоа што ги штити луѓето во аналогниот свет. Затоа сакавме да го направиме следниот чекор и да ја заштитиме дигиталната генерација од закана со која обичниот кондом не може да се справи“, заклучи тој.