Како да возите кога има силна магла?

Долги светла кои добро помагаат при возење во темна ноќ при магла, никогаш не треба да ги користите. Тоа е бесмислено, бидејќи светлосниот зрак се одбива од капките на водата во воздухот и се одбива назад, заслепувајќи го возачот

Дури 90 отсто од информациите поврзани со настаните во сообраќајот ги добиваме со набљудување, и секоја дистракција може да биде опасна. Затоа, пред да започнете со возење, правилно наместете и осигурете го работењето на сите елементи на возилото.

Добро наместени ретровизори, нови метлички на бришачите и исчистени стакла се неопходни во овој период од годината, а тоа особено важи кога има магла.

Маглата создава влага на ветробранското стакло што дополнително ја намалува видливоста. Ако при тоа вашето ветробранско стакло и стаклата се валкани или „мрсни“, тоа ќе ви отежни внимателно следење на ситуацијата во сообраќајот. Значи, многу е важно да ги исчистите.

Според нашиот закон, кратките или дневните светла мора да бидат вклучени цел ден, поради што е важно да проверите дали сите од нив функционираат.

Досадната и опасна магла која се појавува во сите делови на земјата, особено во котлините или рамниците покрај реките, носи посебни опасности и бара зголемено внимание од возачите. Во такви услови, при изразено намалување на видливоста најдобриот совет е секогаш ист: концентрација и побавно возење се единствен лек за маглата.

Покрај намалената видливост, дополнителна причина за намалување на брзината при магла е и мократа асфалтна површина, бидејќи маглата, се разбира, го влажни асфалтот. Овој облак од многу ситни капки вода успева да остане во воздухот, што често може да ја намали видливоста и за стотици метри.

Долги светла кои добро помагаат при возење во темна ноќ, никогаш не треба да ги користите при магла. Тоа е бесмислено, бидејќи светлосниот зрак се одбива од капките вода во воздухот и се враќа назад, заслепувајќи го возачот.

Помош се светлата за магла, но не треба да очекувате чудеса, бидејќи магленките поставени на 10 до 20 сантиметри од земјата помагаат само за полесно забележување на референтни точки, како што се ленти на асфалтот. Кога видливоста се мери во метри, треба да се вклучи задното светло за магла, но најважна е концентрацијата на воланот, при што треба да се избегнува користење на телефон и разговор со патниците, како и гласна музика.

Ако сте несигурни на воланот и возите по магла и размислувате за застанување, немојте да се упуштате во брзи и драстични маневри за застанување на патот.

Возачите зад вас можат да го разберат вашето намерно доцна, особено кога возите по автопат, може да дојде до ланчано кочење на сите возила зад вас, а премногу често се случува дека некои, поради брзината или недостаток на искуство, не успеваат да се застанат на време.

Возете полека додека не забележите сигурно место, секогаш надвор од текот на сообраќајот.

Најважно е да забавите, бидејќи автомобилите пред вас по маглата може да ги забележите многу подоцна отколку при возење во добра видливост. Затоа е важно да ја намалите брзината и да ја зголемите дистанцата од „црвените светла кои ги гледате пред себе“.

Само така ќе имате доволно време за навремено реагирање на кочење или избегнување на судар со возилото пред вас, советува Јутарен лист.

Кога временските услови ќе се подобрат и маглата ќе исчезне, секогаш не заборавајте да ги исклучите магленките, особено задните, бидејќи многу им сметаат на возачите зад вас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни