Автобусите во Скопје од 1 до 3 мај ќе возат по неделен возен ред

Од 1 до 3 мај автобусите на ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците ќе работат со изменет празничен распоред.

По повод претстојниот празник 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ЈСП Скопје информира дека јавниот превоз во периодот од 1 до 3 мај ќе сообраќа според неделен возен ред.

Од претпријатието ги советуваат граѓаните навреме да ги планираат своите патувања согласно празничниот распоред.

За време на празничните денови ќе има измени и во работното време на билетарниците.

На 1 мај, петок, и на 3 мај, недела, дежурна ќе биде само билетарницата на Транспортен центар, која ќе работи од 08:00 до 14:00 часот.

На 2 мај, сабота, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат по вообичаен распоред. Објектите што работат во две смени ќе бидат отворени од 08:00 до 18:00 часот, додека објектите со една смена ќе работат од 08:00 до 13:00 часот.

Од ЈСП потсетуваат патниците да се придржуваат до утврдените термини за непречено користење на јавниот градски превоз за време на продолжениот празничен викенд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни