Јавниот превоз во Скопје на дел од лиините продолжува да се одвива по зимски возен ред.
Десет автобуски линии сè уште сообраќаат по изменети траси поради градежни активности на патиштата, информираат од ЈСП Скопје.
Според известувањето, промени во редовните рути има кај линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118. Тоа значи дека патниците кои ги користат овие автобуси треба навреме да ги проверат трасите и да сметаат на можни отстапувања од вообичаеното движење.
Од ЈСП посочуваат дека измените се воведени поради градежни работи, а јавниот превоз ќе продолжи да функционира според актуелниот зимски возен ред.
За многу скопјани, јавниот превоз и понатаму останува секојдневен предизвик, особено во периоди кога дел од линиите имаат изменети траси. Доцнењата, преполните автобуси и дополнителните промени во движењето го отежнуваат планирањето на патувањето, особено за граѓаните кои зависат од автобусите за одење на работа, училиште или факултет.
Граѓаните се советуваат пред тргнување да ги проверат актуелните информации за линиите што ги користат, за да избегнат непотребно чекање или доцнење.