Joker Out во Скопје

Ексклузивен повод за ова гостување е новиот албум кој излегува на 15 ноември и кој со актуелната турнеја групата премиерно, во целост ќе го претстави во живо

Словенечката тинејџерска атракција Joker Out повторно во Скопје на 1 декември во Младински Културен Центар во склоп на off-програмата на ТАКСИРАТ.

„Откако лани со настапот во склоп на PIN го урна рекордот на посетеност во МКЦ, најистакнатото име во новонастанатата регионална музичка сцена, JOKER OUT се враќа со свој самостоен концерт! Ексклузивен повод за ова гостување е новиот албум кој излегува на 15 ноември и кој со актуелната турнеја групата премиерно, во целост ќе го претстави во живо. По распродадените, и тоа во еден ден Љубљана, Белград и Загреб, во турнејата влегува и Скопје, а досегашното искуство со Joker Out и македонската публика несомнено го потврдува очекувањето дека и скопскиот датум многу скоро ќе се закити со етикетата sold out“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс