Јарците важат за студени и рационални, но искрената емоција целосно го менува нивниот однос кон светот. Иако на прв поглед делуваат дистанцирано, строго и целосно фокусирани на сопствените кариерни цели, овие луѓе доживуваат длабока трансформација во моментат кога ќе го отворат своето срце за друга личност.
На самиот почеток или во секојдневните односи со луѓето што не ги познаваат добро, Јарците важат за воздржани, рационални и ладни. Емоциите ретко ги покажуваат јавно. Меѓутоа, кога искрено ќе се вљубат, нивната природа добива сосема нова димензија.
Наеднаш стануваат значително повнимателни, заштитнички настроени и подготвени да одвојат драгоцено време за партнерот. Малите детали и гестови, кои претходно ги сметале за неважни или споредни, во тој момент добиваат посебно значење во нивното секојдневие.
Оваа промена не значи дека Јарецот го губи својот карактерикастичен разум. Тие и понатаму ги задржуваат одговорноста, практичноста и стабилноста, но почнуваат сè почесто и поотворено да зборуваат за своите чувства и заедничките планирања за иднината.
Според астролозите, токму оваа контрастна разлика меѓу нивното вообичаено однесување и односот кон саканата личност ги прави знак што најмногу ја изненадува својата околина кога ќе влезе во сериозна врска.