Јанез Јанша се враќа на власт во четврти пат во Словенија

Лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, е предложен за нов премиер на Словенија. Доколку биде избран, тоа ќе биде негов четврти премиерски мандат.

Јанез Јанша е на чекор до враќање на премиерската функција во Словенија, откако словенечкиот парламент ја отвори постапката за негов избор за нов шеф на владата. Лидерот на Словенечка демократска партија потврди дека ќе ја преземе задачата за формирање влада, откако партиското раководство го одобрило коалицискиот договор со неколку партии од десниот центар.

„Со ова се исполнуваат условите за поднесување кандидатура за премиер“, изјави Јанша.

Гласањето во парламентот е закажано за в петок, а претседателот на парламентот Зоран Стевановиќ порача дека не очекува изненадувања при изборот. На парламентарните избори во март, партијата на досегашниот премиер Роберт Голоб освои само еден пратеник повеќе од СДП, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство и коалициски партнер, по што го предаде мандатот.

Доколку биде избран, ова ќе биде четврти премиерски мандат за Јанша, кој претходно ја водеше словенечката влада во периодите 2004–2008, 2012–2013 и 2020–2022 година. Во европската јавност, Јанша важи за еден од најпрепознатливите националистички лидери од регионот, а често јавно изразува поддршка за Доналд Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс