Ѕвездата на шпанската репрезентација, Ламине Јамал, пред полуфиналето на Светското првенство изјави дека „Црвената фурија“ верува во победа над Франција.
„Од почетокот на турнирот, многумина сакаа да го видат овој натпревар. За мене, ова се двата најдобри тима на Светското првенство. Не се плашиме. Ако некој може да ја победи Франција, тоа сме ние“, рече младата шпанска ѕвезда пред полуфиналето.
Шпанците ги добија последните два натпревари – минатата година во полуфиналето на Лигата на нации со 5:4 и полуфиналето на Евро 2024 со резултат 2:1, додека Французите го освоија финалето на Лигата на нации во 2021 година со резултат 2:1.
Натпреварот Франција – Шпанија од првото полуфинале на програмата е вечерва од 21:00 часот. Утре во истиот термин се игра второто полуфинале помеѓу Англија и Аргентина.