Еден од звучните „топови“ бил даден на Полицијската бригада на Баново брдо, задолжена за сузбивање немири, и кога стигнал, бил еден пат испробан на луѓе, тогап и никогаш повеќе, бидејќи полицајците биле онеспособен за работа, пренесува „Време“, повикувајќи се наизвор од МВР.
Како што пренесува „Време“, властите не се одредиле јасно дали во безбедносните сили постои нелегално оружје кое по своите карактеристики одговара на она што се нарекува „звучен топ“.
Извор на „Време“, пензиониран офицер, вели дека во 2018 година нешто такво било увезено преку еден домашен трговец со оружје, а согласност потпишале тогашните министри за одбрана и внатрешни работи, Александар Вулин и Небојша Стефановиќ. Друг извор наведува дека слично оружје било увезено и во 2022 година од Израел, исто така преку приватен трговец со оружје, и сега е прашање дали тие останале во Србија или биле „реекспортирани“.