Извлечени остатоците од подморницата „Титан“, пронајдени и човечки останки

По неколку дневната потрага беа извлечени дел од остатоците од подморницата Титан, која имплодираше обидувајќи се да стигне до остатоците од бродот Титаник при што загинаа пет луѓе.

Претставници на американската крајбрежна стража велат дека рамката за приклучување и задниот капак на подморницата биле пронајдени меѓу остатоците.

Американски медицински експерти ќе спроведат формална анализа на она што се верува дека се човечки останки, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Агенцијата моментално е во рана фаза на истрага за причините за катастрофата на Титан.

„Благодарен сум за координираната меѓународна и меѓуагенциска поддршка за пронаоѓање и извлекување на овој витален доказ од крајните длабочини на морето. Доказите ќе им овозможат на истражителите од неколку меѓународни јурисдикции клучен увид во причините за оваа трагедија. Се уште има значајна работа што треба да се направи за да се разберат факторите кои доведоа до катастрофалната загуба на Титан и да се осигураме дека слична трагедија нема да се повтори“, рече капетанот Џејсон Нојбауер, кој ја води истрагата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс