Израел финансирал тајна дигитална кампања од 46,5 милиони долари насочена кон манипулација со ВИ. Според извештајот на американскиот Drop Site News, целта била да се обликуваат одговорите на алатките за вештачка интелигенција за војната во Газа преку креирање специфична онлајн инфраструктура. Операцијата ја спровела компанија поврзана со поранешен менаџер на кампањата на Доналд Трамп.
Извештајот на американскиот медиум Drop Site News открива дека Израел инвестирал десетици милиони долари во дигитална операција за влијание врз алатките за вештачка интелигенција. Стратегијата се потпирала на создавање мрежа од лажни портали. Целта на оваа инфраструктура била да ги промени и обликува автоматските одговори што корисниците ги добиваат кога пребаруваат информации за војната во Газа.
Операцијата била реализирана преку надворешни соработници. Главен изведувач на дигиталната кампања била компанијата Clock Tower X. Оваа фирма е во сопственост на поранешен менаџер на политичката кампања на Доналд Трамп, наведува извештајот.