Израел и Либан продолжуваат преговори во Вашингтон

Израел и Либан ќе одржат нова рунда преговори во Вашингтон во рамки на 10-дневното примирје, со посредство на САД и иницијатива на Доналд Трамп.

Претставници на Израел и Либан ќе одржат втор круг преговори во Вашингтон за три дена, потврди портпарол на Стејт департмент. Разговорите ќе се одвиваат на амбасадорско ниво, а израелската страна ќе ја претставува амбасадорот во САД, Јехиел Лајтер, според информации на Ројтерс. Ова ќе бидат првите директни разговори меѓу двете земји откако стапи во сила 10-дневното примирје, договорено во услови на зголемени тензии во регионот.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, пред неколку дена изјави дека прифатил привремен прекин на огнот со цел да се отвори простор за мировна иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.

Очекувањата се дека оваа рунда разговори ќе биде клучна за понатамошна деескалација и евентуално постигнување поширок договор меѓу двете страни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни