Во четврток на 19 септември во 19:00 часот во Центарот за култура (фоаје) во Куманово, ќе биде отворена изложбата на сликарот Владимир Георгиевски.
Георгиевски по завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Владимир Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.