Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 – Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Владимир Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.
Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.
Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.