Ретка можност да се учествува во креирањето на новата рајска градина. Понесете ЗРНО, плод, семка кое ќе можете да го засадите во чиста земја, на изложбата ЕДЕН на Тијана Борбељ, во петок на 12-ти јули во 20 часот во монтажа галерија, Паркот на Франкофонијата во Скопје.
Тијана Борбељ е млада визуелна уметница од Србија. Родена е во 2000 година во Бачка Топола, а потеклото и е од Фекетиќ. Основните студии по фотографија ги завршила на Академијата за уметности во Нови Сад. Своите дела досега ги изложувала на групни изложби, а покрај тоа присуствувала и на неколку работилници за фотографија. Нејзините дела најчесто се базирани на документарниот жанр.